УХМР: Циклонот што ќе ја зафати Македонија може да донесе невреме

Од:

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредува дека циклонот кој доаѓа од Медитеранот може да донесе ново невреме денеска и во наредните денови.

– Попладне нашето подрачје ќе потпадне под влијание на влажна и постудена воздушна маса од северозапад, како и висински циклон, што ќе предизвика во текот на работната недела времето да биде променливо, во некои денови и претежно облачно, свежо и ветровито – велат од УХМР.

Денеска попладне ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер, а локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме.

Во следните денови ќе има повторно обилни врнежи од дожд, наместа проследени со ретки грмежи и со засилен северен ветер. На повеќе места врнежите ќе бидат обилни.

Од УХМР препорачуваат во случај на појава на електрични празнења, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска