Угостителите со последни подготовки пред да ги пречекаат утрешните гости

Од:

Местење на масите, редење на фрижидерите, дезинфекција на столчињата и масите. Вака денеска изгледаат кафулињата, рестораните и кафеаните, каде се прават последните подготовки пред утрешното отворање на угостителските објекти.

debar maalo kafana

Повеќе од два месеци угостителите не работеа. На 12 март беше донесена одлуката угостителските објекти да работат до 18 часот, а само два дена подоцна, беше донесена одлука за нивно целосно затворање.

Сега, тие ќе работат според строго утврдени протоколи.

На една маса во угостителски објект ќе можат да седат до четири лица, а угостителите ќе работат до 20 часот. Нема никакво ограничување дека лицата треба да се членови на исто семејство, a задолжително е да има растојание меѓу масите.

Засега, отворени ќе бидат само терасите, односно надворешниот дел од угостителските објекти, а за работата во затворениот простор ќе се одлучува во втората фаза.

Угостителите велат дека со новите протоколи, малиот број на маси, скратеното работно време до 20 часот и намалениот капацитет на гости нема да успеат да остварат профит, но се надеваат дека со тек на време работите ќе се вратат во нормала.

Би можело да ве интересира

Центар ќе казнува локали за гласна музика, се бунеле жителите

Жарко Настоски

Од задутре кафеаните може да примаат гости и внатре, тоа не важи за дискотеките и клубовите

Жарко Настоски

Кафеаните ќе работат како и досега, до 21 часот, одлучи Комисијата за заразни болести

Жарко Настоски

Официјално: Кафеаните од утре ќе работат до 21 часот

Жарко Настоски

Полицијата и пазарните инспектори вчера влегле во 300 скопски кафеани, приведени тројца сопственици

Жарко Настоски

Казината ќе продолжат да работат по 18 часот, но не смеат да служат храна и алкохол

Искра Манојлоска