УБК не сакаат да ги декласифицираат доказите на СЈО, закажано ново рочиште за „Тврдина 2“

Од:

Второто подготвително рочиште за „Тврдина 2“ заврши по жестока расправија за класифицираните документи, кои според одбраната не може да бидат докази. Следното рочиште судијката го закажа за 13 март, за кога му наложи на Специјалното јавно обвинителство да се обрати до Дирекцијата за заштита на класифицирани податоци откако обвинителката Ленче Ристоска нагласи дека од Управата за безбедност и контраразузнавање не сакале да ги декласифицираат документите без да дадат образложение зошто.

Иако јавноста беше исклучена кога се читаше класифициран документ, во судницата остана адвокатата на одбраната Јована Тасевска, која наведе дека нема сертификат за класифицирани документи.

Откако Никола Додевски, адвокатот на првообвинетиот Горан Грујовски рече дека не може да се користат калисифицираните документи, Ристоска рече дека такви документи се користеле и за лустрација, а во пресудата тој дел не бил достапен за јавноста, сепак остана онака како што побара Додевски.

Специјалното јавно обвинителство вели дека не бара доказите да бидат декласифицирани, туку да можат да ги видат и слушнат лица кои имаат безбедносен сертификат, по што беше спомената Тасевска која нема сертификат, а е адвокат на одбраната.

Адвокатот Никола Додевски бараше судијката да донесе решение тврдејќи дека од СЈО требале да ги декласифицираат доказите пред почетокот на процесот, иако од СЈО кажаа дека половина од доказите се декласифицирани. На крајот на рочиштето, Додевски побара од судијката да не биде адвокат на СЈО иако таа речиси цело време ги прифаќаше неговите претставки.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов