Убивале кучиња со чекан по глава за да земат награда од 500 денари во кампањата на АХВ „Стоп беснило“

Од:

Десет кучиња кои биле пријавени за угинати по пријави на бесплатниот телефонскиот број на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за сомнежи за беснило, фактички биле усмртени со удар во глава со тврд предмет, најверојатно со чекан.

Сомнежите се дека одредени лица, за да земат награда од АХВ од 500 денари за пријавено угинато животно, ги убивале кучињата со чекан, а потоа пријавувале дека така ги нашле.

„А1он“ дојде до записникот од работниот состанок во Агенцијата за храна и ветеринарство на 24 август годинава, каде што се отворил овој проблем. Во записникот стои дека кај десет кучиња, обдукцијата утврдила дека смртта настапила насилно.

Агенцијата, во својата кампања „Стоп беснило“, поддржана од Европската Унија, нудеше 500 денари на секој што ќе најде угинато животно и ќе го пријави на телефонскиот број. Голем број активисти за заштита на животните апелираа дека ова е можно да донесе негативни последици, односно да стимулира одредени лица намерно да убиваат кучиња и мачки и да ги пријавуваат на телефонскиот број, за да земат парична награда од 500 денари.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство за „А1он“ изјавија дека е точно дека постојат такви индиции и дека за истото ќе биде спроведена истрага.

„Тешко е да се утврди убиство, но чекаме истрага за да се испита случајот докрај. Ветеринарниот факултет го истражува ова, а парите на лицата не им се исплатени, ниту пак ќе им бидат исплатени. Во договорите што ќе се потпишуваат со оние кои пријавуваат угинато животно, стои дека за насилно убиено животни не следува исплата“, велат од АХВ.

Досега имало 143 пријави за угинати лисици, свињи, кучиња и мачки. Кај ниту едно од нив не било утврдено беснило.

Кампањата ја промовираше директорот на АХВ, Николче Бабовски, кој на 30 јули годинава на прес конференција издаде апел пцовисаните животни да не се допираат и да се пријават на апликацијата „Стоп беснило“. Висината на наградите што се даваат зависат од животното што се пријавува.

АХВ нема да ја стопира кампањата, а единствено се разгледува можноста истата да не важи за угинати кучиња и мачки.

Би можело да ве интересира

Маж во Сплит чувал волци и кучиња во нехумани услови

Општини за еднодневен престој на куче во прифатилиште плаќале за 244 отсто повеќе од просечната цена

Орце Костов

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

АХВ: Се повлекува чоколадото „милка орео“, во него е пронајдена пластика

Орце Костов

АХВ: На фејсбук страницата „Zeolit MK“ нелегално се продава „Zeo Medic“, производот не е одобрен и нема гаранција дека е безбеден

Повлечен од продажба небезбеден чипс од Косово