Убиство во битолската населба Баир, жртвата е млада жена

Од:

Млада жена утрово е убиена во битолската населба Баир, на улицата „5-та“, во случај што според првичните информации се поврзува со семејно насилство.

– Осомничениот А.Р. во 06:40 часот, со нож ја нападнал неговата сопруга А.В. со која живееле заедно. Од здобиените повреди А.В. починала во семејниот дом, а смртта ја констатирал лекар од Службата за итна медицинска помош. Осомничениот е лишен од слобода и задржан во полициска станица – потврдија од СВР Битола.

Осомничениот е лишен од слобода, а на местото на настанот увид вршат надлежните органи.

Би можело да ве интересира

МВР: Безживотно тело на 38-годишен маж со прострелна рана пронајдено кај Смилковци

Се бара притвор за насилникот од Битола: ја давел, ја удирал со тупаници и шлаканици

Битолчанецот пријавен за семејно насилство се предаде во полиција

Две девојчиња повредени, пожар и искршени дрвја од силниот ветер во Битола

„Евростат“: Помалку убиства во Македонија за една деценија, Црна Гора предничи во регионот, а Литванија во ЕУ

Ново апсење во случајот со убиството на Илијан Филипов

Горан Наумовски