Уапсени грчки државјани за пренесување оружје и дрога од Македонија во Грција

Од:

Во акција на грчката полиција во Солун и Кукуш биле уапсени три лица, грчки државјани, членови на криминална мрежа што од Северна Македонија во Грција пренесувала оружје и дрога. Запленети се 55,5 килограми суров канабис, автоматска пушка, митралез и 139 куршуми, а идентификуван е уште еден член, јави дописничката на МИА од Атина.

Поконкретно, како што соопштија од грчката полиција, непознати членови на групата, во Грција од Северна Македонија внеле три торби со канабисот и оружјето, кои му ги предале на еден од уапсените, а тој, во поширокиот регион на Кукуш, торбите им ги предал на другите двајца уапсени.

Уапсените, со две возила се упатиле накај со Солун, со цел да му ги предадат торбите на четвртото лице кое е идентификувано, но не е уапсено, меѓутоа биле спречени од полицијата.

Тројцата грчки државјани се товарат за внесување и транспорт на дрога и оружје, а полицијата пронашла и одзела 55,5 килограми суров канабис, една автоматска пушка, еден митралез, 139 куршуми, три возила, 3.350 евра и мобилни телефони.

Уапсените биле изведени пред јавен обвинител, а истрагата продолжува за пронаоѓање на останатите членови на криминалната мрежа.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Европа стана најголем увозник на оружје во светот

Разбиена мрежа за дрога – повеќе од 100 уапсени во Украина, Полска и Молдавија

А1он

30 дена притвор за маж од Мала Речица кој се закануваше дека ќе изврши терористички акт со огнено оружје

Горан Наумовски

Филипче: Немам врска со било која фирма за марихуана, власта прави дефокус од скандалот со 5 тони дрога

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он