Уапсен жител на битолско Жабени, полицијата му нашла нелегално оружје во „Аудито“

Од:

„Денеска (12.05.2021) полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола, го лишиле од слобода Б.Б.(41) од с.Жабени, битолско“, соопшти МВР.

„При преглед на патничко возило “ауди”, кое го управувал, бил пронајден пиштол “црвена застава” и рамка со 5 куршуми за истиот, а за кои не поседува соодветна дозвола за оружје. Врз основа на Наредба издадена од судија на претходна постапка од Основен суд Битола извршен е и претрес во неговиот дом, при што е пронајдена автоматска пушка, една рамка и 15 куршуми за кои, исто така, не поседувал дозвола“, велат од полицијата.

Б.Б.е приведен во полициска станица, а за случајот е известен Јавен обвинител. По документирањето на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Европа стана најголем увозник на оружје во светот

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски