Поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков рано утрово бил уапсен по налог на јавен обвинител.
Чавков е уапсен поради настаните од 27 април во македонското Собрание кога беа нападнати пратеници од парламентарното мнозинство.
Тој, наводно, не давал наредба полицијата да ги спречи инцидентите на време. Чавков утрово се очекува да биде донесен во Кривичниот суд пред судија за претходна постапка, а полицијата не им дава пристап на новинарските екипи до судот.