„Туристичка стража“ од антика до НОБ ќе го објаснува „Скопје 2014“

Од:

„Туристичка стража“ на плоштадот „Македонија“ и на плоштадот „Карпошово востание“ ќе ги запознава туристите и ќе ги учи за нашето минато преку спомениците и проектот „Скопје 2014“.

За да можат туристите поавтентично да се информираат за времето од коешто потекнуваат спомениците, презентерите ќе бидат униформирани во македонска национална облека, карактеристична за одредени временски периоди (македонска античка, македонска средновековна, комитска и облека од учесниците во НОБ, односно во партизанска униформа.

Одговорните од градските власти, потребата од овој проект ја оправдуваат со фактот што секојдневно се зголемува бројот на домашни и странски туристи коишто го посетуваат Скопје и пројавуваат интерес за културно-историските споменици во центарот на градот.

Осумина ја завршија обука и се стекнаа со соодветни знаења за карактеристиките, историјата и значењето на објектите од богатата историја на Скопје. Тие своето знаење ќе им го пренесуваат на заинтересираните туристи.

Туристичката стража ќе биде лоцирана на плоштадот „Македонија” и на плоштадот „Карпошово востание” секој ден од 11 до 13 часот. Проектот ќе трае до ноември, односно додека се поволни временските услови.

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски