Тупанчески ниту во Владата не докажал дека сам си го платил навивањето во Палермо

Од:

По една недела откако јавно кажа дека сам од своја сметка го платил навивањето во Палермо, Италија, министерот Никола Тупанчески, доказ за тоа не се доставил ниту од Кабинетот на вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска. Таа е задолжена за спроведување на Етичкиот кодекс за функционерите, донесен по препорака од ГРЕКО, тело кое се занимава со мониторинг на антикорупциските стандарди во земјите, чиј член пет години со ред беше и Тупанчески. Токму во овој Кодекс, стои дека носителите на функции не смеат да примаат подароци, освен во определен износ и услови. Постои случај каде поради констатирано прекршување на Етичкиот кодекс, имаше разрешување и од функција.

„До Кабинетот се уште не стигнале податоците кои беа побарани од страна на министерот за правда, Никола Тупанчески. Откако ќе ги добиеме и ќе бидат разгледани сите информации ќе биде постапено во согласност со Кодексот за етичко однесување за што ќе биде информирана и јавноста“, вели вицепремиерката Грковска за „А1он“.

Тупанчески доказ дека не бил частен столче во летот за Палермо, Италија, карта за на ВИП трибините и сместување, не достави ниту до „А1он“ односно јавноста. Цела недела, тој ги игнорира прашањата за тоа зошто со извод од трансакциска сметка не покаже дали и кога го платил навивањето. Единствено досега, тој за неколку медиуми изјави дека се си плаќа сам, што остана непотврдено.

Познато е дека агенцијата „Гуливер милс“ по договор со Фудбалската репрезентација на Македонија го организираше чартер-летот до Палермо. Со него се превезуваше фудбалската репрезентација на Македонија и првите луѓе на ФФМ за натпреварот. Тупанчески една недела не одговара ниту на прашањата како дознал за летот и кој го поканил да патува со авионот, ако се има во предвид дека јавно за ова не беше објавено, ниту пак некој имаше можност да резервира столче. Сметката за чартер летот ја плаќа ФФМ.

И Антикорупциската комисија ја повика Владата да провери дали Тупанчески го прекршил Етичкиот кодекс за функционери. Претседателката Билјана Ивановска за „А1он“ рече дека не знае зошто Тупанчески е шокиран од нивната реакција. Во Етичкиот кодекс, јасно стои дека министрите не смејат да примаат подароци, освен во одредена вредност и одредени случаи.

„Носителите на извршните функции при вршењето функции и должности не можат да примаат подароци, освен во случаите во износ и на начин утврдени со Закон за користење и располагање со стварите во државна сопственост…. Носителите на извршни функции не смеат да бараат, примаат односно да дозволат друго лице во нивно име и за нивна корист да дава или прима подарок, услуга или каква било друга вредност, помош или друга корист во врска со вршењето на функцијата, односно должноста, а која би можела да има влијание или на кој било начин да ги стави во несоодветна подреденост или обврска“, стои меѓу другото во членот 17 од Етичкиот кодекс на Владата.

Министерот Тупанчески на трибините во Палермо беше со обвинителката Фетаи и судскиот претседател Нанев. Тие беа во ВИП ложата, за која исто така, неофицијално, ФФМ им подарила карти. Фетаи е единствената која излезе јавно со уплатници за да докаже дека сама си ги подмирила трошоците за сместување преку туристичка агенција.

Би можело да ве интересира

Седум клубови во македонскиот фудбал под истрага за местење на натпревари

Орце Костов

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

Орце Костов

Лога: Очекувам брза екстрадиција, списите денеска ќе ги пратиме по електронска пошта и преку амбасадата

Александар Тодески

Обвинителството реагира до Лога: Дел од забелешките за Извештајот се неточни, Јовески е спремен да одговори согласно закон

Александар Тодески

Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце

Горан Наумовски

Министерството за правда ќе врши надзор над системот за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства