Тупанчески и една недела откако навиваше во Палермо не докажа дека сам си ги платил трошоците

Од:

И по една недела откако беше на навивачката трибина во Палермо, Италија, министерот за правда Никола Тупанчески не приложи трансакции направени од неговата сметка, со кои би докажал дека сам си го платил патувањето, како што тврдеше. Од четири дописи испратени на мејл, исто толку до службеничка од Кабинетот, но и на телефонот на Тупанчески – повратен одговор нема. Ваквиот однос на министерот се коси и со принципите на Владата за отчетност и транспаретност. Истовремено, јасно е само дека чартер летот за Палермо е платен од Фудбалската репрезентација на Македонија, како и дека картите за ВИП-ложата од каде навиваше Тупанчески ги дале оттаму. Ова би значело дека патот и влезот на стадионот, министерот ги добил гратис. Но, ова никогаш не беше демантирано, ниту потврдено од Тупанчески.

Од ФФМ, не сакаа да се занимаваат со прашањето кој, што платил. Тие велат дека агенцијата „Гуливер“ го организирала патувањето.

„Мислам дека нема потреба постојано да се насочуваме кон работи кои немаат врска со нас, а посебно на ден кога го играме најважниот натпревар во македонската фудбалска историја. За сѐ друго, ве молам обратете се во агенцијата која го организира патувањето“, вели Златко Андоновски, портпарол на ФФМ.

Од туристичката агенција „Гуливер“ не одговорија на прашањата за тоа кој го плаќа чартер-летот, како министерот Тупанчески дознал за чартер-летот ако се има во предвид дека за истиот не беше објавено јавно, како и кој го доставил списокот со патници. „А1он“ се обиде и телефонски да исконтактира со сопственичката Рената Петрова на броевите оставени јавно – но никој не одговори на повиците.

Случајот го испитува и Владата, која го избра Тупанчески. Тие проверуваат дали сам го платил патувањето како што изјави или сепак, ФФМ го направило тоа за него. Доколку се потврди дека не ги платил трошоците, тогаш, тоа може да се коси со Етичкиот кодекс на Владата. Министерот, не одговара дали ќе понесе морална одговорност, ако неговото патување се коси со етичкото постапување. Од него, молк.

Инаку, Тупанчески во ВИП-ложата беше во друштво на вишата обвинителка Фатиме Фетаи која достави докази за платен аранжман, што го опфаќа сместувањето, но не и летот. Навивањето на судскиот претседател Лазар Нанев, кој исто така беше до Тупанчески, веќе е на разгледување пред Судскиот совет.

Би можело да ве интересира

Седум клубови во македонскиот фудбал под истрага за местење на натпревари

Орце Костов

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

Орце Костов

Лога: Очекувам брза екстрадиција, списите денеска ќе ги пратиме по електронска пошта и преку амбасадата

Александар Тодески

Обвинителството реагира до Лога: Дел од забелешките за Извештајот се неточни, Јовески е спремен да одговори согласно закон

Александар Тодески

Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце

Горан Наумовски

Министерството за правда ќе врши надзор над системот за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства