Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари

Од:

Вредноста на трошоците за заштита на животната средина во 2022 година изнесува 7 840 633 000 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Во вкупните трошоци за заштита на животната средина според еколошката намена, најголемо е учеството на трошоците за управување со отпадни води (35.56 проценти), потоа на трошоците за постапување со отпад (29.96 проценти) и на трошоците за циркулациски системи за снабдување со вода (24.94 проценти).

Трошоците за заштита на животната средина се состојат од две компоненти: инвестиции во средства за заштита на животната средина и трошоци за одржување на средствата за заштита на животната средина. Учеството на инвестициите во вкупните трошоци за заштита на животната средина изнесува 64.76 проценти, а за одржување во вкупните трошоци за заштита на животната средина 35.24 проценти.

ДЗС регистрира дека од вкупните трошоци за заштита на животната средина, најмногу трошоци се направени во индустријата и специјализираните производители, 4 485 874 000 денари, односно 57.21 процент. Од направените трошоци за заштита на животната средина во индустријата и специјализираните производители, 42.36 проценти се наменети за инвестиции, а 57.64 проценти се за одржување на средствата.

Од вкупните плаќања и надоместоци за извршени услуги за заштита на животната средина, најголемо е учеството на платените надоместоци за постапување со отпад, 85.18 проценти.

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

A1on

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

A1on

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

A1on

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

A1on

Синкевичиус: Приклучувањето на Северна Македонија кон ЛИФЕ ќе придонесе за позелен и поодржлив континент