Тропски горештини од среда, вo сабота до 40 степени

Од:

Топло време со температури кои до следната сабота ќе достигнат до 40 степен се очекуваат неделава која доаѓа, велат синоптичарите.

Од Управата за хидрометеоролошки работи објаснуваат дека во наредните три дена не очекува променливо време со врнежи и температури околу 30 степени, додека од среда ќе следи брз пораст кој до следниот викенд ќе донесе температури повисоки за дури 10 степени.

– Од среда ни следува еден период на пред се топло време поради сув и топол воздух од југозапад и температурите брзо ќе се покачат. Веќе во петок очекуваме температурите да достигнат и до 39 степени на југоистокот од земјава, а во сабота понекаде можеби 40 степени на југоистокот од репубиката – рече Борис Секирарски од УХМР.

Синоптичарите од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека волку високи температури до 40 степен како што се очекуваат за следната недела, последно биле забележани во 2007 година. Докторите препорачуваат граѓаните да се придржуваат до советите за да го заштитат своето здравје.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски