Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Попладне во западните предели ќе има услови за развој на нестабилност која може да донесе локални врнежи од дожд и грмотевици.
Ќе дува слаб југоисточен и источен ветар.
Утринските температури ќе се движат од 14 до 24 степени, а максималните дневни ќе го достигнат 37-от степен. УВ индекс 8.