Тројца навивачи на Вардар, се повредени и демолиран е вагонот откако група од 30 до 40 насилници почнала да мава со камења по возот во кој се превезувале навивачите, кои се враќаа од денешниот меч против Напредок во Кичево.
Вечерва на социјалните мрежи има низа коментари и информации за инцидентот.
Групата го пресретнала возот кај Железничката станица во Скопје Север и почнала со камења да мава по него.
Местото каде што бил пресретнат и нападнат возот и навивачите на Вардар бил подолго време под силно полициско обезбедување.
Според други информации имало два инцидента. Првата тепачка се случила веднаш по натпреварот.