Трилатерална министерска средба во Охрид: Поддршка за полноправно членство на Македонија во НАТО

Од:

Министерката за одрбана на Македонија, Радмила Шекеринска, министерот за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов и заменик-министерот за одбрана на Албанија, Петро Кочи денеска во Охрид одржаа трилатерална средба за зајакнување на соработката во одбраната.

„Денеска ја изразивме нашата политичка волја да ја зајакнеме соработката во поглед на одбраната на ова трилатерално ниво и нашите тимови вреднаш ќе почнат да подготвуваат планови за 2018 година“, рече министерката по средбата. Таа истакна дека на средбата беше дадена поддршка за политиката на отворени врати на НАТО и за полноправно членство на Македонија во НАТО.

„Кога се разговара се наоѓаат и решенија и убедени сме дека и оваа трилатерала ќе ги помогне иницијативите кои што ги прават нашите влади“, рече Шекеринска.

Бугарскиот министер за одбрана Каракачанов рече дека потесната соработка меѓу Бугарија, Македонија и Албанија не ја опфаќа само економската соработка во однос на коридорот 8, туку може да се прошири и во областа на одбраната.

„Соработката во областа на безбедноста и одбраната меѓу Бугарија и Албанија кои се членки на НАТО и Македонија која сè уште не е, би докажала пред останатите земји-членки на НАТО, дека Македонија е подготвена за членство во Алијансата и дека тоа треба да се оствари без одлагање односно Македонија да стане 30 земја-членка. Оваа соработка е и од економски интерес, а исто така би придонела и до поголема сигурност и безбедност на Балканот“, рече Каракачанов.

Албанскиот заменик-министер Петро Кочи рече дека Албанија и Бугарија ќе бидат силни поборници Македонија што е можно поскоро да стане членка на НАТО и дека тоа е не важно само за народот на земјата, туку и за регионот во целина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос во албанскиот парламент: масовна тепачка на пратениците

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

ВИДЕО: Фрлен Молотов коктел врз канцеларијата на Еди Рама, испукани гумени куршуми

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Седум дена хаос во Тирана, молотови коктели, водени топови: Рама не преговара, ќе објави мерки

Катерина Ѓуровски

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект

Полицијата употреби гумени куршуми и солзавец против демонстрантите во Тирана