Употребата на дроги меѓу децата во Македонија е проблем кој бара сериозен пристап и многу брза реакција како на професионалците кои работат на тоа поле така и на носителите на одлуки во воспоставувањето на промени во здравствениот и во системот на социјална заштита. Потребни се и соодветно згрижување, третман и лекување на децата кои употребуваат дроги како и соодветни установи за нивна грижа.
Ова беше констатирано на денешната тркалезна маса на тема „Третман и грижа на децата кои употребуваат дроги“ во организација Народниот правобранител на Република Македонија и Здружението ХОПС-Опции за здрав живот Скопје.
Народниотправобранител Иџет Мемети во своето обраќање нагласи дека загрижувачки се информациите дека се повеќе деца се корисници на дроги на сметка на намалувањето на возрасната граница на децата.
– Потребно е меѓусекторско делување односно спроведување на континуирани мерки за превенција, едукација во сите степени во образованието за штетноста од употребувањето на дроги но исто така потребно е и зајакнување на семејството како основна заедница и зголемување на капацитетите на органите кои вршат надзор на семејството за да може да оценат кога средината може да влијае на детето негативно и тоа да се најде во состојба да маифестира дивијантно и криминогено однесување кое во многу случаеви доведува и до користење на дроги, истакна Мемети.
Координацијата меѓу министерствата за здравство и за труд и социјална политика, како и локалната самоуправа и народниот правобранител се институциите кои според Мемети, можат многу да придонесат во намалувањето бројот на децата корисници на дроги.
Употребата на дроги, велат од ХОПС не е проблем само кај децата таа се употребува и пошироко. Тие укажаа и на потребата од програми за третам на деца кои употребуваат дроги.
– Во последните три години немаме ниту едно дете под 18 години ке што било вклучено во центрите за лекување од зависности коишто постојат. Од друга страна пак во клиниката за детски болести и психијатрија ад-хок во изминатиите години прифаќале деца кои употребуваат дроги. Тоа не се соодветнио програми преку кои може да се работи со тие деца, рече Воскре Наимоска Илиева од ХОПС.
Според истражувањето на ЕСПАД направено во Скопје во 2012 година на 1146 ученици од средните училишта на возраст од 16 години, 8,7 проценти изјавиле дека имаат користено марихуана, 3,75 отсто од испитаниците изјавиле дека имаат користено екстази, 2,18 проценти употребувале инхаланти. Од останатите видови на дроги учениците 1 процент употребувале Амфетамин, 0,8 отсто ЛСД, 0,8 проценти кокаин, и 0,9 отсто хероин. Дрога инјектирале 0,6 проценти од испитаниците.
Најмалите корисници на дроги во Македонија се тригодишно дете кое дува лепак и осум годишник кој инјектира дрога.