„Активизам за права на животните“ е темата на јавната трибина, што денеска ја организира Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“.
Трибината се спроведува во рамки на проектот „Заедно за животните, заедно за граѓаните“, кој го реализираат „Анима Мунди“, здруженијата за заштита на животни „Мали херои“, „Гласот за животните“, „Анималиа“, „Animal world“ и „Втора шанса“.
Невладините организации имаат за цел да ја запознаат јавноста со проектот и нивните активности, како и да поттикнат борба за хуманост и активизам за права на животните. На трибината ќе се дискутира и за хуманоста и третманот на животните во Македонија.