Третпат се чисти „дивата“ депонија пред кумановската населба „Перо Чичо“

Од:

Трет пат месецов се чисти „дивата“ депонија пред влезот на кумановската населба  „Перо Чичо“. Во чистењето, вклучени се екипи на јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ и механизација од општествено одговорни компании, објави на социјалните мрежи кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

– Оваа локација се чисти по трет пат месецов, од страна на екипите на Ј.П. „Чистота и зеленило” Куманово во заеднички акции со општествено одговорни компании, но за жал, несовесни граѓани и поединци продолжуваат со неодговорно однесување исфрлање на смет, создавање на диви депонии во и вон градот и нивно опожарување, стои во објавата на Димитриевски.

Тој повика на совесност на граѓаните и активен пристап на сите институции во надминување на овој проблем со создавање на „дивата“ депонија во овој дел од Куманово.

– И покрај редовните акции на комуналната инспекција која има мали законски можности за санкционирање на сторителите, односот на МВР кон овој голем проблем во градот е пасивен и се сведува на ниво на набљудувач, иако законот за јавна чистота и комунална хигиена ги обврзува да делуваат и водат постапки кон сторителите.Општината сама и со сопствени сили не може да се справи со овој проблем, потребна е активен пристап на сите институции и граѓанска соработка, напиша Димитриевски.

радоначалникот апелираше до совесните граѓани да ги пријавуваат случаите на исфрлање отпад од поединци, да ги фотодокументираат и  да ги проследат на службениот телефон на раководителот на општинските инспекциски служби, Бобан Бојковски 070757510 и повика да се пријават сите незаконски дејствија за незаконски градби, узурпации на државен имот и слично.

Би можело да ве интересира

Прогласена епидемија на голема кашлица во Куманово

Катерина Ѓуровски

Дилер од Куманово со нож повредил полицаец

Горан Наумовски

19 годишник дивеел и кршел во полиција во Куманово, нападнал и полицаец

МВР: Приведени се разбојниците кои пукаа и ограбија кумановец

Дефект на трафостаница ги остави кумановци од центарот на градот без струја

Горан Наумовски

Повеќекратно убиство во кумановско: Два сина и мајка застрелани од нејзиниот брат

Орце Костов