Ексградоначалникот на Гази Баба, сам дојде на рочиште за предметот ТНТ, без полициско спроведување.
Неговиот адвокат Јовица Страшевски вчера тврдеше дека Тони Трајковски нема добиено покана, па затоа, не дошол на судењето.
Потоа, по завршување на работното време на судот, преку соопштение ги извести медиумите дека Трајковски нема покана ни за денешното рочиште.
Претходно, Трајковски не се појавуваше на судењата за ТНТ бидејќи тврдеше дека бил натепан, па потоа, поради лекување на повредите.
Судијата Огнен Ставрев вчера побара поранешниот градоначалник на Гази Баба да биде стражарно приведен.