Трајковски знаел за судењето, но бидејќи не добил покана не се појави

Од:

Обвинетиот Тони Трајковски знаел дека денес има закажно судење за случајот ТНТ рече неговиот адвокат Јовица Страшевски, според кого, без разлика на тоа што знаел – не дошол оти немал добиено покана. Судијта Ставрев на рочиште кажа дека според судот Трајковски бил уредно поканет, бидејќи покана била испратена по судскиот курир.

„За Тони до судот имаме доставено адреса на живеење според лична карта и адреса на престојување. Каде биле од судот, стварно не знам. Тони не бега. Нема уредна достава, тоа ви тврдам. Доколку има уредна достава од судот, тој ќе се појави на судење. Без разлика дали тој знае или не, има посред закон како се доставува покана за судење. Тој закон не е испочитуван, ви тврдам. Повторно се оди со прекршување, утре Тони ќе биде стражарно приведување, иако немаат доказ за уредна достава. Не е доказ ако доставувачот појде до врата и пише дека Тони Трајковски не му отвори врата. Јас не сум доставувач. Јас го исвестив, му кажав, тој рече ‘Немам добиено уредна покана’. Ако дојде непоканет, тоа може да е процесен пропуст“, посочи Страшевски.

Рочиштето за незаконското рушење на Космос беше одложено поради отсуството на Трајковски, кој утре ќе треба да биде стражарно донесен.

Претходно тој отсуствуваше бидејќи беше натепан, па се правдаше дека е задржан во болница, за сега, да каже дека нема уредна покана.

Би можело да ве интересира

Кривичен за „ТНТ“: Мериторно одлучување на второстепениот суд при жалбени постапки е единствен начин за судење во разумен рок и економичност и ефикасност на постапките

И Обвинителството и одбраната бараат застарување на случајот за уривањето на Космoс

Александар Тодески

Апелацискиот суд ќе одржи јавна средница за случајот „ТНТ“

Пресудата за „ТНТ-рушење на КОСМОС“ е неиздржана, истакна одбраната на јавната седница во Апелација

Ана Ололовска

Предметот „ТНТ-рушење на КОСМОС“ на јавна седница на Апелацискиот суд

Ана Ололовска

Судски совет ќе го проверува и „ТНТ“, каде судијата и вештакот се во кумски врски

Кристијан Ландов