Судски совет ќе го проверува и „ТНТ“, каде судијата и вештакот се во кумски врски

Од:

Предметот „ТНТ“ каде судијата Огнен Ставрев и вештакот Мирослав Грчев имаат кумски врски ќе го проверува Судскиот совет. Во новата година, ова е една од постапките, каде членовите на Советот ќе утврдуваат наклонетост на судијата кон вештачењето, а со кое се докажуваше дека објектот „Космос“ не е дивоградба и истовремено, поби 36 судски пресуди. Проверките ќе се прават преку посета на судот и увид во целиот предмет.

„Судски совет донесе заклучок на седница, дека од 1 јануари 2023 година ќе изврши посети на сите судови и проверки на предмети“, велат од Судскиот совет за „А1он“.

Кумските врски на Ставрев и Грчев станале официјални еден месец откако судијата ја изрече првостепената пресуда за ТНТ. Ставрев го прифати вештачењето како релевантно и го ценеше во пресудата иако имаше низа забелешки од обвинетите, меѓу кои и дека Грчев е пристрасен бидејќи претходно работел вештачења за оштетените Цаноски.

Блиските релации ги потврди и судијата Ставрев за „А1он“, по што се правдаше дека немало зошто да се изземе како судија од „ТНТ“. По неколку реченици во одговорот, го оценува вештакот, кој му е кумашин, како професионалец.

Би можело да ве интересира

Кумовски односи на судијата и вештакот во ТНТ ја нишаат пресудата

Кристијан Ландов

СДСМ: Судска пресуда за рушењето на „Космос“, ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија со тапија

ВИДЕО: Груевски доби девет години затвор, Јанакиески – три, Трајковски – четири за уривањето на „Космос“

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Адвокатот на Груевски за уривањето на „Космос“: Треба да биде ослободен, не сторил ништо

Кристијан Ландов

Одложено рочиштето за предметот „Т.Н.Т.“

Катерина Павлова-Николовска

Девет часа „ТНТ“: Адвокатите тврдат вештакот работел за Цановски, Рустеми вели лажат

Кристијан Ландов