Кумовски односи на судијата и вештакот во ТНТ ја нишаат пресудата

Од:

Кумовски врски. Вакви се односите помеѓу судијата Огнен Ставрев и вештакот Мирослав Грчев. Двајцата со своја улога во предметот ТНТ за уривањето на објектот „Космос“. Кумовските врски станале официјални еден месец откако Ставрев изрече затворски казни во предметот ТНТ. Грчев го изработи клучното вештачење со кое се докажуваше дека објектот „Космос“ не е дивоградба и со кое се побија 36 судски пресуди. Ставрев го прифати вештачењето како релевантно и го ценеше во пресудата иако имаше низа забелешки од обвинетите, меѓу кои и дека Грчев е пристрасен бидејќи претходно работел вештачења за оштетените Цаноски. Блиските релации ги потврдува и судијата Ставрев за „А1он“ по што се правда дека немало зошто да се изземе. По неколку реченици во одговорот, го оценува вештакот, кој му е кумашин, како професионалец.

„Какви било роднински врски на судијата со вештото лице не се основ за изземање член на судечки совет, со оглед да ниту судијата ниту вештото лице не се странки во постапката. Донесената пресуда не се заснова само на конкретното вештачење, туку на сите изведени материјални и вербални докази во постапката. Станува збор за вешто лице – професионалец во конкретна област, кој постапува по наредба за изработка на вешт наод и мислење, кој потоа се изведува како доказ и кој странките имаат право да го оспоруваат. Но, во никој случај тоа не може да влијае во непристрасноста и независноста во одлучувањето на судијата и судијата нема никаков личен интерес од вештиот наод“, посочува судијата Ставрев за „А1он“.

Судијата Ставрев ја правда одлуката за во пресудата со која досуди затворски казни, да се повикува на вештачењето од Грчев со кого е во фамилијарни односи.

„Професорот Грчев е единствен лиценциран вештак во нашата држава за ваков тип вешти наоди и од тој поглед единствено тој можел да го вештачи конкретниот предмет. Изземањето судија од конкретна постапка, според законските одредби, но и праксата на Европскиот суд за човекови права, се бара доколку тој е во евентуална роднинска или друга врска со странките во постапката, како обвинетиот, оштетениот или приватниот тужител или, пак, нивните бранители, што може да отвори сомнеж за наклонетост при одлучувањето“, додава судијата.

Судијата Ставрев тврди дека не може да постои сомнеж за негова наклонетост. Истовремено, во пресудата му дава верба само на вештачењето направено од Грчев, кој е урбанист. Иако вештакот бил побиван од вештаци геодети, кои се единствени надлежни за мерење коти, Ставрев останал на ставот дека ќе му верува само на кумашниот, односно на вештакот Грчев, чиј наод бил оспорен со три геодетски мерења направени од разни фирми.

„Судот ги ценеше мислењето и исказот дадени од страна на техничкиот советник – Роска Пачемска, но тој не можеше да го прифати од причина што е во спротивност на вештите наоди и мислења на овластеното вешто лице проф. д-р Мирослав Грчев, кој е единствен вештак од оваа област на целата територија на Републиката. Впрочем, Роска Пачемска не може да изготвува вешти наоди и мислење од причина што таа е технички советник на одбраната во постапката и не поседува лиценца за изготвување вештачења од областа на урбанизмот“, стои во пресудата за ТНТ.

„А1он“ побара став и од адвокатот Еленко Миланов, бранител во ТНТ. Тој тврди дека настрана од фамилијарните односи на судијата и вештакот, побарале изземање на Грчев поради други повреди, но за барањето никогаш не било одлучено.

„Поднесовме барање за изземање на вештакот Грчев, но за изземањето не се одлучи, што е суштествена повреда на постапката. Одбраната обезбеди и вештачење од вешто лице – архитект, кое судот не дозволи да се изведе, а со кое во целост се побива вештачењето на вештакот Грчев. Морам да напоменам дека судот дозволи и му достави на архитектот, кој е вешто лице, и копија од списите и негово присуство на рочиштата за потоа да не дозволи одбраната да ги изведе техничкиот наод и мислењето“, вели Миланов.

Низа пресуди донесени од Кривичниот суд се укинати од Апелација. Второстепените судии наоѓаат повреди сторени во текот на постапката, односно во начинот на водењето на постапката. Често се укинуваат пресуди и поради погрешно утврдена фактичка состојба, но и поради утврдување фактичка состојба без соодветни докази. Последна таква пресуда донесена од Ставрев, за која знае јавноста, е за актерката Силвија Стојановска, која ја осуди на затворска казна, па Апелација ја ослободи, за на крајот, и тој да донесе ослободителна пресуда при повторена постапка.

Би можело да ве интересира

Кривичен за „ТНТ“: Мериторно одлучување на второстепениот суд при жалбени постапки е единствен начин за судење во разумен рок и економичност и ефикасност на постапките

И Обвинителството и одбраната бараат застарување на случајот за уривањето на Космoс

Александар Тодески

Апелацискиот суд ќе одржи јавна средница за случајот „ТНТ“

Пресудата за „ТНТ-рушење на КОСМОС“ е неиздржана, истакна одбраната на јавната седница во Апелација

Ана Ололовска

Предметот „ТНТ-рушење на КОСМОС“ на јавна седница на Апелацискиот суд

Ана Ололовска

Судски совет ќе го проверува и „ТНТ“, каде судијата и вештакот се во кумски врски

Кристијан Ландов