ВИДЕО: Трајковски ќе биде донесен со полиција на утрешното рочиште на ТНТ

Од:

Со новата поротничка одново започна судењето за случајот ТНТ, откако вчера поротничката Лилјана Ивановска – Кочковска поднесе оставка. На судењето не дојде обвинетиот ексградоначалник, Тони Трајковски, а неговиот адвокат Јовица Страшевски објасни дека немал добиено покана.

„Тони ми кажа дека нема покана пред 10 минути“, рече адвокатот Страшевски.

За судијата Огнен Ставрев, обвинетиот Трајковски е уредно поканет бидејќи покана била испратена по судски курир, а тој не сакал да ја прими.

„Преку судскиот курир беше испратена поканата на неговата адреса, никој не сакал да му отвори врата“, рече судијата Огнен Ставрев, по што адвокатот Страшевски рече „Тој има две адреси. Судскиот курир живее на 100 метри од него“, па Ставрев му врати „Седете, вие се знаете“.

Поради повторно отсуство на Трајковски судијата не можеше да одржи рочиште, па за утрешното рочиште рече дека ексградоначалникот ќе биде стражарно приведен.

„Ако Трајковски продолжи вака, мерките ќе бидат построги“, посочи Ставрев.

Би можело да ве интересира

Судењето за ТНТ одложено бидејќи сопруг на обвинета е во изолација поради коронавирус

Ландов

„ТНТ“ продолжи со изведување докази

Ана Ололовска

ТНТ по две години започна повторно, овој пат се презентираа докази на ЈО

Ана Ололовска

Судот не дозволи одложување на ТНТ за Јанакиески да оди на седница за укинување на притворот

Кристијан Ландов

Адвокат на обвинета за незаконско уривање на „Космос“: Ние треба да учиме од неа

Кристијан Ландов

Трајковски се пријавил кај Русковска како оштетен сведок во случајот со Меѓународниот сојуз, му се пожали на судијата дека не го викнале за исказ

Кристијан Ландов