Трајковски ја направи Дебарца затворена и заробена општина

Од:

Сведоци сме дека во изминативе 4 години откако градоначалник е Игор Трајкоски општина Дебрца се претвори во најзатворена и заробена институција, во која граѓаните имаа отежнат пристап до општинските услуги и истите ги добиваа на неквалитетен и неекономичен начин.

Така, беа воведени административни и физички бариери за да се дојде до градоначалникот и општинската администрација, граѓаните не можеа или тешко остваруваа прием кај градоначалникот, за добивање на најобична потврда беа приморани да доаѓаат повеќе пати и да се надеваат дека ќе го најдат градоначалникот, или ако поднесуваа поднесок во архивата истиот не им се примаше ако претходно не го види и одобри градоначалникот.

Освен добивањето на одобрение за градење, ниту една друга општинска услуга не може да се добие електронски, на општинскиот веб портал не е објавено кои услуги ги обезбедува општината, ниту има објавено обрасци за општинските услуги.

Кон сето ова треба да се додаде и тоа дека од сите можни агли во општинската зграда вработените и странките се под темелен видео-надзор, кој градоначалникот на општината будно го следи од неговиот телефон, исто како да сте во американскиот Пентагон.

Врв на паранојата е тоа кога не се присутни општинските функционери вратите од кабинетот на градоначалникот, канцеларијата на секретарот на општината и салата за седниците на советот на општината, односно повеќе од половината од службените простории во општината се заклучени и не се во служба на граѓаните.

За среќа, времето на узурпирање и киднапирање на општината незапирливо истекува. Со доаѓањето на пролетта, по локалните избори ќе има живот и во Дебрца. Видео надзорот ќе го отстраниме, клучевите ќе ги исфрлиме и сите општински врати ширум ќе ги отвориме за граѓаните.

Ќе изградиме општински институции блиски и по мерка на граѓанинот, каде општинските услуги ќе може да се добијат брзо, квалитетно и евтино, се наведува во соопштението од општинската организација на Дебарца.

Би можело да ве интересира

Жена од охридско се загубила синоќа берејќи печурки, пронајдена е утрово

Катерина Ѓуровски

Фатен жител на Мешеишта кој за време на полициски час палел коли на шумски полицајци

Жарко Настоски

Градоначалникот на Дебрца наместо да ги почитува, се исмева со препораките за заштита од коронавирусот

Градоначалникот на Дебрца се гушка и слика со граѓани, наместо да ги почитува мерките за заштита од коронавирусот

Кристијан Ландов

Авионите вклучени во гаснењето на пожарот во Дебрца

А1он

Филипче од Дебарца: Со Пендаровски заедно одиме напред, да изградиме европска и сигурна иднина за нашите деца

Татјана Ташкова