Градоначалникот на Дебрца се гушка и слика со граѓани, наместо да ги почитува мерките за заштита од коронавирусот

Од:

Градоначалникот на Дебрца, Зоран Ногачески, на социјалните мрежи го повикува населението да се придржува до мерките кои ги донела Владата, а во пракса, тој без никаква заштита, без да држи дистанца од 2 метри, остварувал контакт со ризична категорија на граѓани. Освен ова, тој се гушкал и ракувал со нив, што според мерките од надлежните институции претставува опасност за ширење на заразата.

Ногачески се пофали на социјалните мрежи дека делел донација на жителите во селата Мраморец и Турје, за што сподели и фотографии. Освен донациите, од нив може да се види дека тој не одржува социјална дистанца од два метри додека остварува контакт со лицата на кои им дава т.н социјален пакет, туку одблиску се ракува со луѓето, кои според фотографиите, лица во поодминати години, што пак според Владата се најризична категорија на граѓани. Градоначалникот наместо дистанца, се фотографирал со лицата на кои им поделил донација.

„Ги почитуваме препораките на Владата, а на мојата забелешка дали го почитуваат полицискиот час, велат да, имаме одредено лице за контрола. Овде корона нема. Морав да ја прекршам препораката за социјално дистанцирање и да се гушнам со тетка Софче и тетка Благица“, пишува Ногачески на „Фејсбук“.


Градоначалникот кој требало да им укаже на тамошните жители дека не треба да се собираат и да прават групирање по домови, им се придружил на кафе муабет и се фотографирал со нив. На фотографијата можат да се видат осум лица, меѓу кои нема дистанца од 2 метри.

Мобилните тимови на општина Дебрца денес ја поделија донацијата на Александар Голабоски во дел од населените места (…

Posted by Зоран Ногачески – Градоначалник на Дебрца on Петок, 03 април 2020

„А1он“ се обиде да исконтактира со Ногачески за да го праша зошто не ги почитува мерките на Владата, дали ја сфаќа сериозноста на ситуацијата со коронавирусот, како и дали смета дека со неговото однесување ги загрозува тамошните жители, но тој не одговори на нашите повици.

Ногачески делеше донации во две населени места, додека во Мешеишта, Требеништа, Горенци и Оровник, пакетите ги носеле мобилни општински тимови. Инаку, станува збор за 150 социјални пакети кои ги подарил Александар Голабоски, иселеник од село Лешани.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Жена од охридско се загубила синоќа берејќи печурки, пронајдена е утрово

Катерина Ѓуровски

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември