Трајчевски: Финансирањето на АВМУ од Буџетот ќе ја наруши нејзината независност

Од:

Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги Зоран Трајчевски смета дека со укинувањето на радиодифузната такса и финансирањето на Агенцијата од страна на Буџетот ќе се наруши независноста на оваа институција.

– Укинувањето на радиодифузната такса и финансирањето од Буџетот значи тотално рушење на независноста на институцијата и ставање под капата на Владата. Ако постоела таква пракса ќе била применета и во другите европски земји. Ова е популистички чин со којшто сакаат да се исполнат предизборни ветувања, за жал и на опозицијата и на позицијата, не водејќи притоа сметка дека се уништува функционирањето на Агенцијата, која претходните 20 години, поради финансиската независност, можеше да ја врши улогата во општеството, изјави денеска Трајчевски.

Одговарајќи на новинарски прашања во врска со подготовката на нов закон за медиуми, Трајчевски рече дека неговиот личен став е оти се работи за текст на закон кој е спротивен на европските директиви.

– Во изработката на законот, ние не сме вклучени и сметам дека се работи за работна верзија која се изработува. Логично е да има јавна расправа и да бидат вклучени сите субјекти кои се засегнати од законот, рече Трајчевски во изјава за медиумите пред денешната регионална конференција за медиуми.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март