Трајанов за бугарски „Дневник“: ЕУ и ветото од Бугарија се дел од причините за изборниот пораз

Од:

Во текстот „Бугарија, Европа или „македонска салата“ – кој и што го сруши Заев“ објавен на бугарскиот портал „Дневник“, претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов зборува за причините за поразот на СДСМ на локалните избори.

„Преспанскиот договор, договорот со Бугарија и ветото, кое покажа дека Западен Балкан нема перспективи. Европската унија ни ја тресна вратата точно пред изборите“. Говорејќи за договорот со Бугарија, Трајанов го употреби изразот „заеднички корени“, според него, дел од документот. Замолен да прецизира, поради тоа што во договорот пишува „заедничка историја“, а не „заеднички корени“, рече дека „Бугарија под заедничка историја разбира, дека Македонците се некаков дел од Бугарите. Тоа е неприфатливо кај нас и ги засили емоциите и патриотските чувства. Тоа ја рушеше поддршката за Заев. “Изгубивме и поради лошата изборна кампања, смета Трајанов. „Кампањата на СДСМ беше катастрофа – пример од учебниците како се губат избори. Заев рече: ако го изгубиме Скопје, ќе си поднесам оставка. Секој кој сакаше Заев да падне, гласаше против него. Имаше национални прашања и тие беа присутни во кампањата, наместо да водиме кампања за градоначалници и советници. Ние водевме кампања како ќе се движи државата отсега па натаму. Но државата не може да се движи, ако ни кажат: нема перспектива за Западен Балкан. „А зошто не може? Та ние дури си го сменивме и името“, велат луѓето.“ – е изјавата на Трајанов за бугарски „Дневник“.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Шест македонски волови направија прекуграничен проблем, влегле на бугарска територија

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини