И помалите коалициски партнери на Груевски реагираат за трошењето народни пари за проектот „Скопје 2014“.
Во реплика по Законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Дојче Банка, пратеникот и лидер на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, побара реструктивно трошење за непродуктивни трошоци, особено во време на економска криза.
„Како држава, како Влада и како Парламент, треба да се откажеме од сите непродуктивни трошоци, да се ревидираат сите планови за трошење вклучително, можеби првпат за тоа да се ревидира програмата за изградба на споменици бидејќи има работи што може да се реализираат подоцна кога ќе се создадат економски услови за тоа. Сум и за тоа обврските на државата кон компаниите да се исплатат што побрзо“, рече Трајанов.
Средствата од заемот од Дојче банка во износ од 75 милиони евра, според владата ќе бидат наменети за финансирање на буџетскиот дефицит во 2012 година и рефинансирање на обврските кои достасуваат по основ на редовна отплата на државниот долг.
Владата очекуваше тројно поголема сума на пари, но од Дојче банк беше одобрена само оваа сума.