Традиционална крводарителска акција во спомен на Тоше Проески

Од:

Традиционално по 15. пат денеска ќе биде организирана крводарителска акција посветена на големиот хуманист Тоше Проески во знак на одбележување на неговиот роденден.

Организатори на акцијата се Црвениот крст на град Скопје, Општинската организација на Црвен крст Центар, Институтот за Трансфузиона медицина и Тоше фан форум клубот.

Поддршка кон акцијата ќе дадат и волонтерите од Клуб 25- клуб на млади крводарители, мотиватори како и волонтерите од Клуб на млади на Црвен крст Центар.

Ликот и хуманото дело на Тоше Проески се позитивен пример и поттик за многу млади личности кои токму на овој датум даруваа крв, но и мотивација за повеќекратните дарители да продолжат со хуманиот чин, нагласуваат организаторите.

Традицијата за одржување на крводарителски акции во спомен на Тоше Проески почна во 2010 година и истите се реализираат во негова чест. До сега на овие 14 акции, својата хуманост преку чинот на дарување крв ја покажале над 4. 500 крводарители.

Би можело да ве интересира

Изложба во чест на Тоше Проески

Ана Ололовска

Затворениците од затворот во Шутка донираа крв за повредените во Украина

Крводарителска акција на припадниците на Единицата за брзо распоредување

А1он

Тринаесет години од загинувањето на Тоше Проески

Ана Ололовска

Маратонците и годинава ќе трчаат во чест на Тоше

Ана Ололовска

Kрводарителска акција во знак на сеќавање на скопскиот земјотрес

Ана Ололовска