Сончево и топло, температури до 36 степени

Од:

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево и топло, попладне само во крајните северни планински делови ќе има краткотрајна нестабилност.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 19, а дневната од 29 до 36 степени.

Вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје, сончево и топло попладне со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 34 степени.

За време на викендот во попладневните часови во западните делови можна е изолирана појава на краткотраен дожд. Ќе дува умерен, а во сабота повремено засилен ветер од северен правец. Дневните температури ќе бидат во благо опаѓање.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски