Тиквешка винска регата

Од:

На реката Црна кај кавадаречкото село Возарци денеска почна втората Тиквешка винска регата.

– Луѓе од Македонија и странство со кајаци и гумени чамци пловат по реките Вардар и Црна. Викендов тие ќе го поминат патот по кој своевремено се носело извонредното квалитетно вино од Тиквешијата до Солун, рече Панче Арсовски, директор на Тиквешката винска регата, единствена од ваков вид во поширокиот регион.

Според организаторот на регатата, Јован Еленов, претседател на граѓанското здружение „Винотек“ од Кавадарци, во атрактивниот настан учествуваат велешките гемиџии, гости од Бугарија, професионални кајакари, планинари, ентузијасти, професори по физичко воспитување.

За се да помине во најдобар ред и Вардар да биде доволно пловен, ќе се погрижат хидроцентралите Козјак и Тиквеш преку Елем и ТЕЦ Неготино.

– Реките Црна и Вардар и нивните притоки значат живот за регионот бидејќи од нивните води се наводнуваат околните земјоделски површини. Пловејќи по Вардар, сакаме да го вратиме интересот на туристите за поминување по патот на виното и за дегустација на виното,  како и да ги афирмираме манастирскиот и археолошкиот туризам. Во минатото виното во изобилство се произведувало во манастирските комплекси, а археолошките наоѓалишта кријат безброј тајни за негово значење низ вековите, нагласи Арсовски.

Во организација на регатата учествуваат три општини од тиквешкиот регион и повеќе спонозри заинтересирани да се плови по патот на виното во Македонија.

Би можело да ве интересира

Скопјанец и двајца штипјани нападнати во ресторан во Кавадарци

Горан Наумовски

МВР: Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница, исчезнал болен маж од Кавадарци

Горан Наумовски

Запалени возило, трактор и гаража во Кавадарци

Горан Наумовски

Деветтооделенци од Кавадарци краделе и монтирале фотографии од соученички за да им се исмејуваат

Орце Костов

Група млади кавадарчани физички нападнале семејство во Марена

А1он

Кавадарци со низа препораки по најавените екстремно ниски температури

А1он