ТХП: СЈО да ги обелодени сите криминали и злосторства

Од:

„Будно и внимателно ги следиме последните случувања околу работата на Специјалното Јавно Обвинителство. Како партија сметаме дека државата поминува низ доста чувствителен период, во кој сите релевантни страни треба да покажат интерес и волја за нормализирањето на државата. Во тој контекст одговорноста и волјата сметаме дека треба да се покаже прво во државните институции.

Специјалното Јавно Обвинителство со добиена судска наредба беше попречена да врши истрага во Управата за Безбедност и Контраразузнавање. УБК веќе долго време ја има изгубено довербата од народот, бидејќи за жал одговорните лица во оваа управа партиските интереси ги ставаат пред државните интереси. Токму и попречувањето на работата на СЈО во УБК е доказ на тоа.

Како Партија за Движење на Турците (ТХП) од првиот ден после формирањето на СЈО, дадовме целосна поддршка на нивната работа. Сметаме дека овој орган претставува клучен и темелен сегмент во процесот на враќањето на правичноста и нормализирањето на државата. Очекуваме сите политички субјекти и државни институции да даваат безрезервна поддршка на СЈО, во никој случај да не дозволи попречувања или опструкции врз работата на оваа обвинителство.

Очекуваме во иднина СЈО да ги обелодени сите криминали и злосторства, и да отвори пат на чинителите на овие дела да излезат пред лицето на правдата. Нашата поддршка и доверба ќе продолжи сѐ до крајната цел“, се вели во соопштението на Партија за Движење на Турците (ТХП).

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

ТХП: Законот за употреба на јазици да се имплементира според резултатите од пописот

Ана Ололовска

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

ТХП: Нема да соработуваме со тие политички чинители кои со своите анти-ЕУ, анти-НАТО, антидемократски ставови ја загрозуваат иднината на С. Македонија

Ана Ололовска