Тетовци спремале „диви“ трки, полицијата им ги заплени колите и бучните мотори

Од:

Тетовската полиција во текот на продолжениот викенд одзела неколку автомобили и мотоцикли кои биле модифицирани и предвидени за диви трки низ градските улици и локалните патишта. Со тоа, полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово деновиве реализира повеќе конкретни мерки за поголем сообраќаен ред во градот, потенцираат од СВР Тетово.

-Изминатиот продолжен празничен викенд времено се одземени пет моторни возила откако било утврдено дека возилата се забележително модифицирани и дека истите биле подготвувани за таканаречени „диви“ трки во доцните вечерни часови. Покрај ова, претходно на тетовското подрачје се одземени и неколку мотоцикли, кои создавале голема бучавост движејќи се по градските улици. Секторот за внатрешни работи Тетово повторно укажува дека најригорозно ќе се санкционираат сите евентуални учесници во „диви“ трки, како и оние чии возила се извор на преголема бучавост, вели портпаролот Марјан Јосифоски.

Секторот за внатрешни работи Тетово ги потсетува сопствениците на возилата и мотоциклите дека неизбежно ќе се соочат со законски предвидените санкции кои согласно најновите измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата предвидуваат времено одземaње на три дена или три месеци, зависно од видот и карактерот на прекршокот, а предвидена е, исто така, и парична глоба од 400 евра во денарска противвредност.

Би можело да ве интересира

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски

Мртво бебе е донесено во Ургентниот центар во Тетово