Тетово изутринава најстудено со минус 19 степени

Од:

Тетово, Берово, Битола и Прилеп изутринава се најстудени градови во Македонија. Во Тетово во седум часот е измерена температура од минус 19 степени, во Берово и Битола минус 16 и во Прилеп минус 15. Невообичаено студени беше и во Струмица каде што се измерени минус 14 степени, исто како и во Куманово.

Во Скопје во седум часот живата на термометарите покажуваше минус 13 степени, а „најтопли“ градови беа Дојран со минус 3 и Охрид со минус 4 степени.

Времето денеска ќе биде претежно облачно, а кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува. По одделни котлини ќе има појава на магла и ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Во Скопје се очекува во текот на денот дневната температура да достигне до 1 степен, во Тетово и Гостивар до минус 2, а најтопло ќе биде во Гевгелија со 7 степени.

Викендов ќе има пораст на температурата, а в недела не очекува нов влажен воздушен бран што ќе донесе врнежи од дожд, кои ќе бидат краткотрајни и од локален карактер. Снег не се очекува.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски