Тетовци на протест против дивата депонија

Од:

Жителите на тетовската населба „Дарданија“за денес во 12 часот најавија протест пред општинската зграда.

Тие се револтирани и загрижени од дивата депонија, која го задушува градот, од неподносливата миризба и загаденоста во градот.

„Ги повикуваме сите наши сограѓани, невладините здруженија и организации кои делуваат во Тетово да ни се придружат за да го искажеме нашата загриженост и незадоволство за тоа што се случува со дивата депонија во влезот на градот Тетово“, стои во повикот.

Депонијата е на еден километар од центарот на градот.

Дневно од градот се собираат од 100 до 150 тони смет, и не може дневно да се префрли во Дрисла. Затоа се создава дивата депонија.

Би можело да ве интересира

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Забранета за пиење е водата во четири тетовски села

А1он

Тетовец е тешко повреден, чичко му ненамерно го прегазил со возило

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Полицијата влезе во угостителски објекти во Тетово, пронајде дрога и оружје

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница