Дваесет и тригодишната крушевчанка (Б.С) е тешко повредена откако во неа вчера околу 12 часот на ул. Никола Ѓурковиќ“ во Крушево удрил автомобил „БМВ“ со битолски регистерски ознаки, управуван од Н.Ч. (24), соопшти денеска МВР.
На Б.С која се здобила со тешки телесни повреди и е укажана лекарска помош во Медицискиот центар во Прилеп.
Увид на местото на настанот извршила извршила екипа од ПС Крушево и се работи на целосно расчистување на случајот.