Тешко повреден возач на „Матиз“ кој излетал од автопатот Тетово-Гостивар

Од:

Тешка сообраќајна несреќа се случила утрово на автопатот Тетово-Гостивар, кога возач на автомобил излетал од патот, здобивајќи се со тешки повреди, соопшти МВР.

„На 23.04.2021 околу 06.30 часот, на автопатот Тетово-Гостивар, во близина на Неготинска клучка, патничко возило „даеву матиз“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Џ.А.(53) од кичевско Шутово, излетало од коловозот. Во незгодата, Џ.А. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. На местото на незгодата увид извршила екипа од СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар,“ се вели во полициското соопштение.

Би можело да ве интересира

Бил пијан и немал дозвола, Обвинителството бара притвор за возачот кој прегази пешак во Марино

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Во сообраќајка кај Шабац загина братот на српскиот пејач Дарко Лазиќ

А1он

„На волан“ загина 60 годишник кај Белград – му се слоши, па удри во насип

А1он