Тешко повреден третооделенц по тепачка со соученичка

Од:

Осумгодишен ученик од делчевското село Разловци, вчера добил тешки телесни повреди откако по меѓусебно кошкање со негова соученичка паднал на глава.

Како што соопшти МВР во 9:10 часот во село Разловци-Делчево во Основното училиште, помеѓу часовите за време на големиот одмор, настанала меѓусебна расправија меѓу ученик на возраст од осум години и ученичка од истото училиште на истата возраст. Ученичката во еден момент го турнала ученикот кој паднал на глава, по што тој станал и продолжил со следење на наставата на преостанатите часови. Кога си заминал дома, бидејќи му се влошила здравствената состојба и паднал во безсознание, бил однесен во амбуланта во Делчево. Од таму со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот Центар во Кочани, а потоа како итен случај веднаш бил упатен во Ургентниот Центар во Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на злосторства од омраза во САД

Скопјанка истепала две жени во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицаец осуден на една година затвор, поради претепувањето на битолчанецот додека го апсеше

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Тепачка во „КАМ“ маркет, вработен бил нападнат од купувач

Кристијан Ландов