Тешка сообраќајна несреќа на патот Градско -Велес во близина на Винарија „Стоби“

Од:

На патот Градско-Велес во близина на Винарија „Стоби“ утрово околу 7 часот се случила сообраќајна незгода во која лесно биле повредени четворица мигранти и возачот, потврди портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Тој појасни дека во случајот на местото на настанот била увидна екипа на граничната полиција која го превзела случајот.

Како што информира од велешката болница портпаролот д-р Елеонора Јованова, утрово околу 7 часот од страна на екипа на Итна медицинска помош со возило на одделот за хирургија при ЈЗУ Општа болница Велес биле донесени двајца пациенти мигранти (18 и 19годишна возраст), а нешто покасно уште тројца пациенти, двајца мигранти (20 и 23 годишна возраст) и шоферот на возилото на 33 годишна возраст.

– Пациентите беа прегледани амбулантски од страна на дежурен доктор, направени беа потребните иследувања, а истите се здобиле со лесни телесни повреди и не се задржани на болничко лекување, појасни д-р Јованова.

Би можело да ве интересира

Бил пијан и немал дозвола, Обвинителството бара притвор за возачот кој прегази пешак во Марино

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Во сообраќајка кај Шабац загина братот на српскиот пејач Дарко Лазиќ

А1он

„На волан“ загина 60 годишник кај Белград – му се слоши, па удри во насип

А1он