Тепаната жена не сака да го тужи насилникот, случајот го пријавила мајка и, МВР поднесе пријава за „телесна повреда“

Од:

МВР информира дека по видео записот кој беше споделен на социјалните мрежи, во кој се гледа како маж насилно се однесува кон жена, СВР Струмица ги презеде сите службени дејствија кои се во надлежност на полицијата поврзани со овој случај и насилникот е лишен од слобода. Се работи за А.А. (35) од Радовиш.

Настанот во СВР Струмица бил пријавен на 23 март 2025 година во 8:25 часот од страна на мајката на жртвата. Веднаш по добиената пријава биле преземени соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш.

– Утврдено е дека машкото лице е А.А.(35) од Радовиш, кој истиот ден во 9:20 часот е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Радовиш. Исто така бил извршен службен разговор и со нападнатата жена, во присуство на социјален работник од Јавна установа Меѓуопштински центар за социјални работи Радовиш, при што таа кажала дека видео записот е од јули 2024 година, се вели во соопштението.

Од МВР појаснуваат дека во овој случај постои сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ по член 130 став 2 во врска став 1 од Кривичниот закон, каде во став 5 од истиот член стои дека гонењето се презема по поднесување на предлог за гонење. Жртвата изјавила дека не сака да поднесе предлог и дека видеото било доставено од нејзината мајка.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, по чии насоки биле преземени и понатамошните мерки. Врз основа на преземените мерки, од страна на ОВР Радовиш до Основното јавно обвинителство Радовиш на 25 март 2025 година е поднесена кривична пријава против А.А. поради постоење на сомнение дека сторил кривично дело „телесна повреда“ по член 130 став 2, а во врска став 1 од Кривичниот закон.

МВР наведува дека продолжуваат да се преземаат дејствија за целосно испитување на настанот.

Би можело да ве интересира

Кафеаната „Јужна пруга“ работела и покрај забраната, постапка против сопственикот

Катерина Ѓуровски

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Семејна драма во Скопје: 69-годишна жена е нападната од снаата

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

Обвинение за поранешниот директор на Комунална за хаосот со ѓубрето во Скопје

Напаѓачот на „Инфомакс“ бил пресметлив, сакал да ги тепа новинарите зошто зборувале лошо за премиерот

Катерина Ѓуровски