Битолчанец вработен во образовна установа осомничен за дистрибуција на детска порнографија

Од:

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 31-годишен жител на Битола, осомничен за кривично дело производство и дистрибуција на детска порнографија. Како што соопштуваат од Обвинителството, случајот е дел од меѓународна истрага за онлајн-злоупотреба на деца, што произлегол од акција предводена од Австралиската федерална полиција.

Осомничениот, кој во критичниот период бил вработен во образовна установа, од април 2024 година до 1 април 2026 година на домашни компјутерски уреди набавувал и поседувал материјали со детска порнографија.

Постапката е резултат на предистражни дејства спроведени во координација меѓу Јавното обвинителство, СВР Битола и Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР. Акцијата произлегла по добиено известување од Австралиската федерална полиција, која спровела меѓународна операција насочена кон откривање веб-страници што служеле за незаконска дистрибуција на ваков тип содржини.

Во рамките на акцијата австралиските служби идентификувале корисници што пристапувале до спорните веб-страници преку конкретни ИП-адреси, при што биле регистрирани и адреси поврзани со Република Северна Македонија. За добиените сознанија било испратено официјално известување до македонските надлежни органи.

Од Обвинителството соопштија дека продолжуваат проверките и во Скопје и во други градови со цел целосно расчистување на сите идентификувани случаи поврзани со оваа меѓународна истрага.

За осомничениот битолчанец до Основниот суд во Битола е доставен предлог за определување мерка притвор.

Би можело да ве интересира

На бегалката Ива Михаилова ќе и се суди во отсуство

Обвинителите бараат итна одлука од Уставниот суд за намалените плати

Катерина Ѓуровски

Се бара притвор за 20 годишник од тетовско – осомничен е за компјутерски криминал и дистрибуција на детска порнографија

А1он

Обвинителството бара пртивор за Ива Михаилова

Катерина Ѓуровски

Приведениот виш јавен обвинител е осомничен дека влијаел во најмалку четири случаи

Катерина Ѓуровски

Обвинение за пет интернисти од битолската болница за смртта на 40-годишна жена

Катерина Ѓуровски