Вчера околу 11. часот во СВР Охрид било пријавено дека во угостителски објект на улица Железничка бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 42-годишниот Н.Т. од с.Лактиње- Дебарца и 57-годишниот Љ.Р. од Охрид од една страна и А.Ф. 39 години и М.Т.на 34-годишна возраст, двајцата од Охрид од друга страна.
Потоа Н.Т. нападнал полициски службеници, кои вршеле службени дејства.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.