Тепачка на средношколци по турнир во фудбал

Од:

Група од околу 30 ученици од СДУ „Боро Петрушевски“ вчера околу 15:30 часот употребувајќи најразлични предмети нападнале помала група ученици од СДУ „Илинден“ на последната автобуска постојка на број 9 во Скопје Север.

Учениците од СДУ „Илинден“ по нападот успеале да избегаат во угостителски објект кој се наоѓал во близина, од каде повикале такси и заминале.

Како што соопшти МВР, инцидентот се случил по одигрување на турнир во фудбал на ниво на средни училишта од Скопје во средното училиште „Зеф Љуш Марку“, каде во периодот од 13.00 до 14.00 часот играле СДУ „Илинден“ со СДУ „Боро Петрушевски“.

За настанот учениците го информирале директорот, по што тој во 16.35 часот го пријавил во ЕИК Скопје. Учениците кои се стекнале со повреди, од кај директорот се упатиле во Градска општа болница „Наум Охридски“ за укажување на медицинска помош. Кај лицата Д.М. (18) и Д.А. (18) биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај Б.С. (18), М.Н. (18) и Н.С. (18) биле констатирани телесни повреди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на злосторства од омраза во САД

Скопјанка истепала две жени во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицаец осуден на една година затвор, поради претепувањето на битолчанецот додека го апсеше

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Тепачка во „КАМ“ маркет, вработен бил нападнат од купувач

Кристијан Ландов