Тепачка меѓу патници во автобус на ЈСП, повредено 18 годишно момче

Од:

Осумнаесетгодишно момче синоќа е повредено со нож во тепачка помеѓу патници во автобусот на Јавното сообраќајно претпријатие, кој сообраќа кон село Бојане.

Како што соопшти МВР, вчера околу 19:45 часот на ул. „Ѓорче Петров“ во Скопје, во автобус бр.56 на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), кој сообраќа на линијата кон село Бојане, бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка помеѓу патници во автобусот.

По интервенција на полициски службеници, во полициска станица бил приведен Р.Р. (20) од село Арнакија, кај кого бил пронајден нож.

Во тепачката бил повреден С.Ф. (18), кој имал расекотина на раката. Била повикана Итна медицинска помош, која по укажување на лекарска помош го пуштила лицето на домашно лекување.

Полициска станица Ѓорче Петров презема мерки за целосно расчистување на настанот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на злосторства од омраза во САД

Скопјанка истепала две жени во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицаец осуден на една година затвор, поради претепувањето на битолчанецот додека го апсеше

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Тепачка во „КАМ“ маркет, вработен бил нападнат од купувач

Кристијан Ландов