Голем број на демонстранти вечерва протестираат пред полициската станица Пролет, каде што се наоѓа приведениот возач на возилото од кое се пушта музика на протестите на Шарената револуција.
Станицата е под силно полициско обезбедување. А демонстрантите маваат со јајца.
Полицијата потврди дека е приведен 54-годишниот возач на возилото. Распитот на приведениот се уште трае. Возачот бил застанат од сообраќајната полиција во близина на Црвениот крст, која му наредила да вози заедно директно во станицата.
Улиците кон полициската станица во населбата Пролет се блокирани, а атмосферата е тензична. Демонстрантите очекуваат нивниот соборец да биде пуштен.
Граѓаните протестираат пред ПС Пролет поради приведувањето на возачот на комбето на #ШаренатаРеволуција #Протестирам pic.twitter.com/BnvZUrF8Kl
— META.mk (@meta_agency) May 30, 2016