Според податоците на УХМР температурите во ноември биле во рамките на забележаниот просек, додека врнежите биле натпросечни.
Највисока средна месечна температура е забележана во Гевгелија од 9,5 степени, додека најниска била во Лазарополе 3,5 степени.
Споредено со повеќегодишниот референтен период, 1981-2010, отстапувањето било во границите од просечна до еден степен повисока.
Во ноември регистрирани се месечни количества врнежи во целата земја кои се над многугодишниот просек, особено во Крива Паланка и Лазарополе.
Најголемо количество на врнежи во ноември е измерено во Гевгелија 269 мм, а најмало во Крива Паланка 51 мм.
Во Демир Капија месечната сума изнесува 210мм, во Маврово 149мм, во Охрид и Струмица 128мм, во Лазаропле 126мм, во Берово 95мм, во Прилеп 90мм, во Битола 89м, во Штип 64мм и Скопје 61мм.
Врнежите се регистрирани во текот на целиот месец, а најголемиот дел од втората декада. Најголемото дневно количество на врнежи е измерено во Демир Капија на 16 ноември и изнесува 100мм.
