Температури под нулата во сите региони во Македонија

Од:

Во сите региони во Македонија утринава се измерени температури под нулата. Најстудено е во Битола и во Берово каде се измерени – 10 степени по што следуваат Струмица, Лазарополе, Тетово, Прилеп и Скопје со -8, Демир Капја, Куманово и Крива Паланка -7, Дебар, Гевгелија, Маврово, Штип, Дојран и Крушево со -6, Охрид -5 и Претор -2 степена.

Во источните делови од земјата времето е умерено до значително облачно, а во западните делови е сончево. За денеска се најавува сончево време со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од 3 до 9 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а кон крајот на денот со зголемена облачност. Температурата ќе достигне до 5 степени.

Од утре, Македонија ќе биде под влијание на серија влажни воздушни бранови, кои ќе предизвикат променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег. На повисоките места и на планините ќе врне снег. Врнежите ќе бидат со променлив интензитет.

Според Управата за хидрометеролошки работи, врнежи од снег ќе има уште утре кои локално ќе бидат обилни и ќе се формира снежна покривка, особено во западните делови. На места ќе има и појава на замрзнат дожд, а кон крајот на денот во пониските подрачја врнежите ќе поминуваат во дожд, а интензитетот постепено ќе се намалува.

Повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет ќе има и во наредните денови. На планините врнежите ќе бидат од снег.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски