Од 1 до 6 март ќе преовладува стабилно и суво време. Утринските температури во поглемиот дел од земјата ќе бидат под нулата, а дневните од 5 до 13 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Викендов се очекува преодно зголемување на облачноста со локален дожд. На планините е можен слаб снег и умерен до засилен северен ветер.
Кон крајот на идната недела времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи дожд и можна појава на грмежи. На 9 и 10 март стабилно, релативно топло, а од 11-ти до 15-ти променливо облачно со повремен локален дожд.