Тече рокот за формирање на идната влада, Мицкоски не сака да открива имиња

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера го доби мандатот за состав на влада од претседателката Гордана Сиљановска Давкова, со што и официјално почна да тече рокот за нејзино формирање.

– При конституирањето на Собранието претседателот на Собранието беше избран со 76 гласа „за“. Овој резултат и преговорите што се во тек ми даваат за право, основано да сметам дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски има сериозна можност да формира влада, односно да освои 61 глас за својата програма и составот на владата. Затоа чест и задоволство ми е со сигурност да верувам дека чекорот што го преземам, доверувањето на мандат за состав на влада на Мицкоски е вистински правен и политички чекор, изјави претседателката Сиљановска Давкова.

Во обраќањето по примањето на мандатот Мицкоски најави дека набргу ќе биде составена новата реформска влада со основна цел да се занимава со реформите, да ги движи процесите напред, за, како што вели, да не тонеме како општество во политичкото мочуриште на меѓуполитички препирки, туку да ја развиваме нашата држава.

Тој не сакаше да открива имиња на идните министри и потенцираше дека со добивање на мандатот, почнуваат внатрепартиските и внатрекоалициските консултации околу предлозите за членови на Владата. Негови очекувања се дека новата влада ќе биде формирана пред рокот.

-Реализирањето и гласањето во рамките на Парламентот може да биде уште утре, бидејќи ако гладаме како што е вака структуирана владата, тогаш ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратенник. Формално ние можеме да ја избереме новата влада уште утре. Имајќи ги во предвид разговорите коишто привршија, коалицијата која што е направена тогаш можам да кажам дека наш предизвик е да имаме мнозинство коешто ќе има поддршка од две третини во Парламентот, рече Мицкоски.

Формално гледано, додаде, владината коалиција имае 78 пратеници од кои ВМРО – ДПМНЕ има 55, двајца се од СПМ и еден од Демократската партија на Србите.

– Но, ако гледаме како поширока коалиција и во тој контекст тогаш имаме 78. А јас ви велам дека имаме повеќе од 80, одговори Мицкоски.

Мандатарот рече дека тоа мнозинство е потребно поради тоа што планираат реструктуирање на владата поврзана со програмата на ВМРО – ДПМНЕ „Платформа 1198“, силен реформски циклус, посебно во борбата против криминалот и корупцијата, придвижување на работите во економијата со реформи и силен инвестициски циклус, при тоа нагласи дека владеењето на правото ќе биде нивна основна водилка, нешто кое што, рече, изостануваше овие седум години.

-Убеден сум дека во иднина ќе ја смениме реалноста, ќе ја трансформираме Македонија во успешна европска приказна, држава која што ќе биде татковина на сите граѓани без разлика на нивната етничка припадност, политичка припадност или не припадност, место кое што ќе биде мотив и инспирација за оние кои што го напуштиле да се вратат назад, порача Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Лозановска: Трагата од претходната влада е загаден воздух, седум години крадење и празни ветувања

Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев

Горан Наумовски

Стојаноска до опозицијата: Немојте да настапувате со различни аршини во зависност од позицијата во Парламентот

ВМРО-ДПМНЕ: Посветено работиме за изградба и развој на патната инфраструктура во државата

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски

Кога ќе имаме потреба од 80 гласа во Парламентот ќе се покаже, вели премиерот

Катерина Ѓуровски